Последици од невремето во Србија: Летовите ќе доцнат поради забраната за точење гориво

од Nikola Popovski
234 прегледи

Поради денешната забрана за точење гориво и привремен прекин на електричната енергија на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ поради неповолните временски услови, како и губењето на аеродромските слотови, може да има доцнења, па дури и потенцијални откажувања на одреден број летови планирани во текот на денот, објави „Ер Србија“.

Поради тоа, како што се истакнува во соопштението, може да има неповолно влијание врз сообраќајот на српската национална авиокомпанија во вечерните и ноќните часови.

„Надлежните служби на српската национална авиокомпанија прават се што е во нивна моќ за да се грижат за сите патници чии летови може да бидат одложени или откажани“, посочуваат од „Ер Србија“.

Безбедноста на патниците и членовите на екипажот е најважен приоритет за Ер Србија“, се наведува во соопштението.

Слични содржини