Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а две се полесно повредени во несреќата што се случила рано изутрината откако нивното возило „Шевролет“ со српски регистарски таблици излетало од автопатот А1 на делницата Гевгелија – граничен премин Богородица, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Во Полициската станица Гевгелија во 01.40 часот било пријавено дека на автопат А1, на делницата Гевгелија – граничен премин „Богородица“, патничко возило „шевролет“ со српски национални ознаки, управувано од З.С., на возраст од 65 години, од Република Србија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката К.С.Ј., на возраст од 38 години. Додека, со телесни повреди се здобиле сопатничката М.С., на 61-годишна возраст и сопатникот П.Ј., на возраст од 36 години, сите од Република Србија, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија, се појаснува во соопштението.