Поранешниот потпретседател на ДУИ и поранешен прв човек на општина Гостивар, Невзат Бејта е повторно во друштво на лидерот на партијата, Али Ахмети, иако претходно упатуваше критики кон актуелното раководство и беше дел од т.н. „Огнена група“.
Вчера Бејта го придружувал Ахмети во реканскиот крај, каде се одржала централната манифестација „Средби на Горна Река“ во организација на Културното друштво „Горна Река“.
На почетокот на годинава, Бејта во дебатна емисија го спореди првиот вицепремиер и дел од ДУИ, Артан Груби, чија смена ја бараше, со тенекија.
Претходно Бејта го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека коалицирал со лидерот на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари на локалните избори во 2021 година.
Бејта на големо изненадување не се приклучи на новото политичко движење на Изет Меџити и по се изгледа останува дел од ДУИ.