Црквата е отворена и за ЛГБТ заедницата, порача папата Франциск

од Nikola Popovski
221 прегледи

Папата Франциск синоќа истакнал дека Католичката црква е отворена за сите, вклучително и за ЛГБТ заедницата и дека има должност да ги придружува на патот на духовноста, но во рамките на нејзините правила.

Франциск, зборувајќи пред новинарите во авионот што го користел за да се врати во Рим од Португалија, исто така потенцирал дека неговото здравје е добро по операцијата на абдоминална хернија во јуни.

Враќајќи се од католичкиот фестивал Светски ден на младите во Португалија, 86-годишниот папа се појавил во добра физичка форма додека одговарал на прашања околу половина час на неговата вообичаена прес-конференција по патувањето.

Новинар го потсетил дека за време на патувањето рекол дека Црквата е отворена за сите и прашал дали не е неконзистентно што некои, како жените и хомосексуалците, немаат исти права.

Тоа беше очигледно упатување на фактот дека на жените не им е дозволено да станат свештеници преку светата тајна на светите поредоци и дека на истополовите парови не им е дозволено да стапат во брак, што исто така е света тајна, пренесува Ројтерс.

Црквата е отворена за секого, но има закони кои го регулираат животот внатре во црквата, рекол тој. Според законите, не можам да учествувам во (некои) сакрамети. Тоа не значи дека е затворено. Секој внатре во црквата на свој начин се среќава со Бога, рекол Папата.

Тој потенцирал дека црковните службеници мора да ги следат сите луѓе, вклучително и оние кои не ги почитуваат правилата, со трпение и со мајчинска љубов.

Црквата учи дека жените не можат да станат свештеници затоа што Исус избрал само мажи за свои апостоли.

Исто така, не дозволува истополови бракови или дури и благослови за истополовите парови, но Франциск го поддржува граѓанското законодавство кое им дава права на истополовите парови во области како што се пензиите, здравственото осигурување и наследството.

Слични содржини