Тејлор Свифт има луда армија обожаватели. Неодамна на нејзиниот концерт беа толку гласни што предизвикаа земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала, со што пејачката се пофали на Инстаграм.
Имено, како што пишуваат странските медиуми, податоците биле снимени за време на нејзината турнеја на стадионот „Лумен Филд“ на 22 и 23 јули, а присуствувале речиси 150.000 луѓе.
Сепак, еден од фановите сега отиде чекор понатаму.
Обожавател опседнат со Тејлор Свифт ги истетовирал имињата на нејзините песни по целиот грб.

Избрал пет албуми и ги овековечил имињата на сите песни. Фотографијата се појавила на една од фан-групите на Свифт на Фејсбук, а мислењата на публиката биле поделени, пренесува „Њујорк Пост“.
Некои симнуваат капите, други прашуваат – што ако недостасува простор?