Бил Козби се соочува со нови обвиненија за сексуален напад

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

Помалку од два месеца по последното обвинение, актерот и комичар Бил Козби се соочува со нови обвиненија за дрогирање и силување.

Овој пат тужбата ја поднесе џез пејачката Морган Пикард, која тврди дека познатиот актер и комичар ја дрогирал и силувал кон крајот на 80-тите.

Според извештајот до кој дошле медиумите, Пикард поднела жалба според Законот за возрасни преживеани каде што го обвинува Козби дека ја поканил на сетот и ја принудил да пие пијалоци поради кои се опила. Таа тврди дека следното утро се разбудила со болки во интимните делови.

„Врз основа на информациите и верувањето дека кога г-ѓа Пикард била физички онеспособена од непознато опојно средство, Козби ја соблекол и силувал кога таа не била свесна за да даде согласност“, се вели во тужбата.

Меѓу одговорните, тужбата ги именува Kaufman Astoria Studios, Astoria Studios LP II, како делумно одговорни за однесувањето на Козби, велејќи дека тие „не истражувале, не укорувале или на кој било начин се обиделе да го спречат Козби сексуално да напаѓа жени“.

Потсетуваме, во јуни оваа година, девет жени истовремено поднесоа тужби против овој актер, од кои сите тврдат дека Козби ги дрогирал и ги нападнал во периодот од 1979 до 1992 година на различни локации во Лас Вегас, Рено и езерото Тахо. Покрај тоа, Козби се соочи со повеќе од 60 обвинувања за сексуален напад.

Слични содржини