Доцна синоќа пред вечерашниот дуел од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Динамо Загреб и АЕК дошло до голем судир меѓу двете групи навивачи во кој што загинал еден грчки фан.
УЕФА претходно им забрани на навивачите да гостуваат за да избегнат инциденти, но во понеделникот вечерта имаше премногу страшни сцени.
08.08.2023, Street fight, AEK Athens🇬🇷 (from left) vs BBB (Dinamo Zagreb, right🇭🇷) https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/TINYrMUYDP
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023
Според информациите на порталот „Спорт24“, хрватските навивачи убиле 22-годишен навивач на АЕК.
Поголема група на „Бед Блу Бојс“ успеала да влезе во Грција, а судирот се случил во населбата Неа Филаделфија во градот каде што се наоѓа и стадионот на АЕК.
07.08.2023, AEK Athens🇬🇷 vs BBB (Dinamo Zagreb🇭🇷), AEK run https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/GFU1DwWCj7
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023
Според грчките медиуми тоа било вистинска „улична војна“, а од видеата на социјалните мрежи се гледаат десетици фанови со шипки. Досега се уапсени 91 лице.
08.08.2023, Dinamo BBB🇭🇷 hooligans at Train station in Athens🇬🇷 before fight. https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/FFmomudlQt
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023
Грчкиот портал напоменува дека младиот навивач на АЕК бил усмртен од остар предмет, додека неколкумина повредени се префрлени во Црвениот крст. Засега се верува дека има десетици повредени.
„Во болницата имаше и припадници на полицијата и обезбедување, а нивниот број со текот на времето растеше за да се избегне најлошото. Во исто време, сепак, дошло до голема тензија меѓу роднините кои отишле во болница за да ја дознаат состојбата на повредените“, се вели во текстот на „Спорт24“.