337
Мајката на убиениот навивач Михалис Кацурис добила срцев удар кога дошла во болницата „Црвениот крст“ откако била повикана, јавуваат грчките медиуми.
Најпрвин ѝ соопштиле дека е тешко ранет, а потоа и ја кажале тажната вест дека починал од убодни рани. Во тој момент таа паднала и доживеала срцев удар.
Оваа информација за порталот „Lawandorder.gr“ ја потврдила кумата на семејството, а набрзо ја потврдиле и други грчки медиуми.
Кацурис загина како резултат на нападот на хрватски хулигани кои пристигнаа во Атина на натпреварот од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо Загреб.
УЕФА денеска потврди дека вечерашниот натпревар се одложува, а новиот датум за играње дополнително ќе биде објавен.