Грчкиот министер Јанис Иконому разрешил дури седуммина високи функционери на грчката полиција, кои ги смета за одговорни за синоќешните нереди во Атина, што доведоа до смррта на грчкиот навивач, пренесува „Тпортал.
Иконому го оценил настанот како „неприфатлив и недозволив“ и ги разрешил раководителите на сите сообраќајни одделенија на трасата на автопатот од Јанина преку Ахаја и Коринт до Атина, како и шефот на Дирекцијата за сузбивање на насилството на спортските бјекти.
Од рутата на разрешените функционери може да се заклучи дека фановоте на Динамо преку Албанија патувале кон Хрватска.
Тој наредил и спроведување внатрешна истрага која треба да ја изврши висок член на грчката полиција.
Можам да ве уверам дека постои силна политичка волја да се одговори на барањата на општеството кога станува збор за насилството од навивачите. Но, ова бара ангажман на целото општество, заклучил Иконому.
Порталот „Прототема“ јавува дека убиениот 29-годишен Михалис Кацурис мирно пиел кафе во населбата Неа Филаделфија кога почнал судирот меѓу двата навивачки табори.