Италијанската влада воведе данок од 40% на овогодинешната неочекуваниот профит на банките, а приходот од тој данок ќе им помогне на имателите на хипотекарни заеми и ќе ги намали даноците за граѓаните.
Вицепремиерот Матео Салвини изјави дека ќе се оданочува профитот што банките го остваруваат од повисоките камати, пренесува „Гардијан“.
Доволно е да се погледне профитот на банките во првата половина на 2023 година, како и резултатите од зголемувањето на каматните стапки на Европската централна банка, за да се разбере дека не станува збор за неколку милиони евра, туку за милијарди, рече Салвини.
Банките имаат корист од зголемувањето на каматите, бидејќи годинава пораснаа каматата што ја наплатуваат, а ги намалија трошоците за каматите што им ги плаќаат на штедачите.
Новиот данок ќе опфати 40 проценти од таа разлика што е новата добивка на банките.
Трошоците за кредити се удвоија за домаќинствата и економијата, но не и за нивните приходи, истакнал Салвини.
Минатиот месец најголемата италијанска банка „Intesa Sanpaolo“ го зголеми очекуваниот профит оваа година бидејќи заработи 2,27 милијарди евра нето повеќе отколку што предвидуваше во периодот април-јуни.
„Bank of America“ процени дека Владата на Италија може да добие меѓу две и три милијарди евра со новиот данок, што ќе ја намали заработката на банките за два до девет проценти.
Енергетските компании имаат и неочекувани приходи, што за нив е чиста добивка, но имаат и начини како да избегнат дополнителен данок.