Оброк кој се подготвува за 15 минути.
Состојки:
– 250 гр тестенини
– 20 гр путер
– 1 среден лук
– 200 мл павлака
– 100 гр млад спанаќ
– 30 гр рендан пармезан
– 30 гр ореви, плус за сервирање
– сол, бибер
Подготовка:
Длабоко тенџере со вода ставете да зоврие и варете ги тестенините според упатствата. Зачувајте чаша вода од тестенините пред да ги исцедите.
Во меѓувреме, во длабока тава растопете го путерот и пропржете го лукот на средна температура минута или две додека не омекне. Додадете ја павлаката и варете две минути со често мешање. Во друга тава кратко пропржете ги оревите.
Истурете малку вода за тестенини во тавата со лукот, а потоа додадете го спанаќот и варете една минута додека малку да омекне.
Кога сосот ќе зоврие додадете ги сварените тестенини, па пармезанот и приготвените ореви. Зачинете по желба и послужете веднаш.