МЗ бара ВМРО-ДПМНЕ да не шири „празни и неосновани соопштенија“ за ширење на конго-кримската треска

од Nikola Popovski
268 прегледи

Министерството за здравство остро реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ преку кое како што велат од ресорот, партијата шири несигурност и паника меѓу граѓаните како и меѓу здравствените работници. МЗ бара ВМРО-ДПМНЕ да престане со празни и неосновани соопштенија со обид да шират страв меѓу граѓаните.

Министерството за здравство и сите здравствени институции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската. Секојдневно транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со пациентите и за изолираните контакти кои се под лекарски надзор. Лага е дека надлежните не ги преземаат сите мерки како би се спречило ширење на заразата како и дека се шири треската. Нашите здравствени работници го даваат максимумот да одговорат на потребите на пациентите, појаснија од ресорот здравство.

Најголемата опозициска партија обвини дека здравствените власти не реагираат.

Секојдневно сме сведоци само на лаги. Зошто? Затоа што информациите велат дека сите кои биле во контакт со вработената на Инфективна клиника одат на работа. Комисијата за интра хоспитални инфекции на Клиниката е на одмор, на Клиниката нема директор, никој не знае каде е. Државниот санитарен и здравствен инспекторат едвај покажува знаци на живот, рекоа од „Белата палата“.

Слични содржини