Писателот и новинар Волтер Исаксон открил како изгледа една соба во монтажната куќа на Илон Маск, за која најбогатиот човек на светот платил само 50.000 долари.
Во 2020 година, Маск одлучи да ги продаде своите пет големи домови и да ја избере оваа спартанска куќа со две спални во Бока Чика, Тексас за негова примарна резиденција. Ќе се сретневме тука и тој ќе седнеше на оваа дрвена маса и ќе разговараше на телефон, објави Исаксон, кој во последните три години работи на биографијата на Маск.
Фотографијата од скромната куќа ја споделил на X, платформата порано позната како Твитер.
Биографот информирал дека ќе објасни зошто Маск одлучил да ги продаде другите негови домови во книгата што ќе биде објавена на 12 септември.
In 2020, Musk decided to sell his five grand houses and to have as his primary residence this spartan two-bedroom house in Boca Chica, TX, where we would meet and he would sit at this wood table and make phone calls. In my forthcoming bio, https://t.co/7JGHd10TEa, I explain why. pic.twitter.com/mLsAgdOdY1
— Walter Isaacson (@WalterIsaacson) August 6, 2023