МТСП бара да не се манипулира со пензионерите: Пензискиот фонд е стабилен, државата не доцни со исплатите

од Nikola Popovski
241 прегледи

Министерството за труд и социјална политика ги демантира и отфрла тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките. Порачуваат дека изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив.

Според МТСП, трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на ковид-пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите.

Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на  новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 %. Првото усогласување  во Септември 2022 година беше 6.8%, второто во Март 2023година  – 8.4% и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто.  Ниту едно од овие зголемувања не ја загрози стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите, истакнуваат од МТСП.

Додаваат дека пензионерите се приоритет на Владата на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креираат страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени.

Слични содржини