Европска земја купува 49 половни тенкови Леопард за Украина

од Nikola Popovski
248 прегледи

Десетици половни тенкови Леопард 1, кои некогаш ѝ припаѓале на Белгија, ги купила голема европска земја за украинската армија која се бори против Русија, изјавил за Гардијан трговецот со оружје што ги продал.

Фреди Верслујс, извршен директор на приватната одбранбена компанија „OIP Land Systems“, изјавил за Гардијан дека продал 49 тенкови на влада во Европа. Тој не кажал за која земја станува збор поради условите во договорот за доверливост. Тој исто така не ја прецизирал цената. Верслујс додал дека може да поминат и шест месеци пред тенковите да бидат испратени на бојното поле во Украина.

Верслуис претходно купил 50 тенкови Леопард 1 по цена од 37.000 евра, пренесува „N1“ кои белгиската влада ги повлекла од употреба во 2014 година како дел од поширокиот тренд за намалување на трошоците за одбрана меѓу западните земји.

Извор со директно познавање на договорот изјавил дека тенковите ги купил „голем германски одбранбен играч“.

Верслујс претходно ѝ продал на Велика Британија 46 лесни оклопни возила М113, која потоа ги префрлила во Украина како дел од воениот пакет.