Чоколаден ролат со банани и бадеми

од Stefanija Kuzmanovska
545 прегледи

Многу вкусен ролат од банана, кој лесно и брзо се подготвува.

Состојки:

– 5 јајца

– 80 гр шеќер

– 50 гр брашно

– 20 гр какао

– 1 прашок за пециво

За кремот:

– 5 јајца

– 100 гр шеќер

– 150 гр чоколадо

– 1 ванилин шеќер

– 200 гр путер

– 100 гр мелени бадеми

– 2 лажици рум

– 1 кг банани

– сок од лимон

Подготовка:

Јајцата со шеќерот се матат пенесто, додадете брашно помешано со прашокот за пециво и какао и полека измешајте.

Подготвената маса истурете ја во подмачкан и набрашнет плех со димензии 40 x 30 сантиметри и печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Испечената кора завиткајте ја во влажна кујнска крпа и свиткајте ја во ролат, оставете да се излади.

Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер се матат пенасто и се варат со постојано мешање, на крајот се додава искршеното чоколадо и се меша додека не се растопи целото чоколадо.

Во изладениот крем додадете го изматениот путер, убаво измешајте и додадете ги бадемите и румот.

Излупените банани посипете ги со сок од лимон.

Одмотајте го пандишпанот, прелијте го со поголемиот дел од кремот и по едниот раб наредете два реда банани. Бисквитот завиткајте го во ролат и намачкајте го со преостанатиот крем.

По желба, ролатот можете да ги прелиете со растопено чоколадо.

Слични содржини