Полска планира да испрати до десет илјади војници на границата со Белорусија за поддршка на граничната стража, објави во четвртокот министерот за одбрана Мариуш Блашчак.
Според информациите, на границата ќе има околу 10 илјади војници, од кои четири илјади директно ќе ја поддржат граничната стража, а шест илјади ќе бидат како резерва.
Ја придвижуваме армијата поблиску до границата со Белорусија за да го заплашиме агресорот за да не се осмели да не нападне, изјавил лполскиот министер Блашчак во интервју за тамошното државно радио.
Заменик-министерот за внатрешни работи Мачеј Васик првично во средата изјави дека Полска планира да испрати две илјади војници на границата.
Варшава е сè позагрижена за ситуацијата на границата со поранешната советска држава откако минатиот месец таму пристигнаа стотици платеници од руската група Вагнер. Оваа недела Белорусија продолжува со воените вежби во близина на границата, а нејзиниот претседател Александар Лукашенко постојано изјавува дека ги задржува членовите на Вагнер кои сакаат да ја нападнат Полска.
Зголемен е и бројот на претежно мигранти од Блискиот Исток и Африка кои пристигнуваат во Полска од Белорусија. Шефот на граничната стража, Томаш Прага, претходно оваа недела објави дека 19.000 луѓе се обиделе илегално да ја преминат границата оваа година, наспроти 16.000 минатата година.
Фото: Profimedia