55-годишниот Џејми Фокс конечно се опорави од мистериозните здравствени компликации и деновите во болница сега се зад него. Обожавателите на популарниот актер конечно можат да здивнат откано Џејми покажа дека е подготвен да им се врати на спортските активности, како што го направил тоа пред два дена.
Овој вторник, Џејми Фокс спортувал пиклбол со олимписката одбојкарска ѕвезда Кејси Патерсон.
Пиклболот е спорт сличен на тенис, бадминтон и пинг-понг, а се игра на терен со големина околу една четвртина од тениско игралиште, со малку пониска мрежа. За време на пандемијата, тој стана еден од најпопуларните спортови во САД, а особено е популарен во холивудските кругови.
На видеото објавено на социјалните мрежи, се гледало како 55-годишниот актер изведува маестрален спин, при што можело да се забележи дека бил во добро расположение.
Дека Фокс решил да им се врати на старите навики говори и тоа што во јули бил виден како игра голф, а спортувањето секако е патот до здрав живот кој секој го посакува.