Пронајдено машко тело во магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“

од Stefanija Kuzmanovska
437 прегледи

Тело на машко лице е пронајдено денеска доцна попладне во десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, на потегот меѓу селата Истибања и Оризари, пренесуваат медиумите.

По добиеното известување, вработените во водостопанската подружница од Кочани го запрeле дотокот на вода од браната Калиманци, за да може телото на удавеното лице да се извлече од каналот.

Според сè уште непотврдени информации се работи за 29-годишно машко лице од Истибања.

На местото на настанот се присутни стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани, кои треба да направат увид и да го потврдат идентитетот на настраданиот.

Слични содржини