Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе побара од Конгресот да обезбеди над 13 милијарди долари итна помош за Украина, изјави неименуван добро информиран извор.
Белата куќа, исто така, се очекува да побара 12 милијарди долари за дополнување на федералните фондови за итни случаи, изјави извор за АП.
Бајден и неговиот тим за национална безбедност повеќе пати наведоа дека САД ќе ѝ пружат помош на Украина онолку долго колку што е потребно за ослободување на териториите.