Популарната пејачка Лизо се соочува со нови обвинувања за сексуално вознемирување, пренесува „Page Six“.
Нејзините адвокати ја потврдија оваа информација и изјавија дека ги истражуваат тврдењата.
Обвинителот Рон Замбрано соопштил дека ги испрашувале танчерките со кои работела Лизо. Првите три зборувале отворено и ги споделиле своите искуства, што ги поттикнало и други да зборуваат за нивното тажно искуство. Замбрано тврди дека не се работи само за сексуална злоупотреба, туку и за неплаќање на вработените.
Шокантната природа на тоа како Лизо и нејзиниот менаџерски тим ги третираат своите изведувачи се чини дека е во спротивност со сето она за што Лизо се залага јавно, додека приватно ги срами своите танчери и ги понижува на начини кои се апсолутно деморализирачки, рекол Замбрано.
Инаку, на 1 август во Лос Анџелес била поднесена тужба за сексуално вознемирување против пејачката и нејзината продукциска куќа „Big Grrrl Big Touring, Inc (BGBT)“. Тоа го направија танчерите Аријана Дејвис, Кристал Вилијамс и Ноел Родригез.