309
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека ги отпушта шефовите на сите регионални центри за регрутација поради загриженост за корупција.
„Системот треба да го водат луѓе кои точно знаат што е војна и зошто цинизмот и поткупот за време на војна се предавство“, напиша Зеленски на својот профил на Телеграм, пренесува „Ројтерс“.
Како што најави, за спроведување на оваа одлука ќе биде задолжен врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни.