Петмина припадници на безбедносните сили на Обединетите нации, кои беа киднапирани во Јемен пред 18 месеци, се ослободени, соопштија денеска ОН.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави ослободувањето и повтори дека киднапирањето е нехумано и неоправдано злосторство, повикувајќи сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави заменик-портпаролот на ОН Фархан Хак во изјавата, пренесе „Ројтерс“.
Обединетите нации не соопштија кој ги киднапирал петтемина припадници на безбедносните сили.