Папата Франциск го осуди убиството на претседателскиот кандидат во Еквадор

од Stefanija Kuzmanovska
370 прегледи

Папата Франциск денеска го осуди убиството на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио и ги повика сите Еквадорци да работат заедно во корист на мирот.

Тој испрати телеграма со сочувство по атентатот на Вилависенсио на митинг одржан во главниот град Кито во средата, пренесе АП.

Папата Франциск, кој го посети Еквадор во 2015 година на едно од неговите први патувања, рече дека се моли за семејството на Вилависенсио и за целиот народ на Еквадор.

Слични содржини