Синот на Робин Вилијамс упати емотивни зборови на годишнината од смртта на својот татко

од Stefanija Kuzmanovska
412 прегледи

Зак Вилијамс, синот на актерот Робин Вилијамс, често на социјалните мрежи ги потсетува луѓето на својот татко.

Актерот почина на 11 август 2014 година, а Зак и сега одлучи да се огласи со емотивни зборови.

„Тато, на деветгодишнината од твојата смрт, ќе те паметам и по твоите одлични модни избори. Овие денови од годината секогаш ми е тешко и со голема љубов се сеќавам на тебе затоа што беше многу, многу свој. Те сакам многу“, напиша Зак на Твитер споделувајќи фотографија од Робин во интересен стајлинг.

Да потсетиме, Робин Вилијамс, освен Зак, има уште две деца, син и ќерка.

Посебно внимание привлече во филмот „Mrs. Doubtfire“, комедија каде се преправаше во постара жена.

Слични содржини