Уапсени Руси кои дистрибуирале пропаганден материјал на Вагнер во Полска

од Nikola Popovski
187 прегледи

Полска приведе двајца Руси кои дистрибуирале пропагандни материјали на групата Вагнер во полските градови, изјави во понеделникот министерот за внатрешни работи Мариуш Камински.

Агенцијата за внатрешна безбедност идентификуваше и приведе двајца Руси кои дистрибуираа пропагандни материјали на групата Вагнер во Краков и Варшава, објави Камински на Х.

Двајцата биле уапсени по што биле обвинети, меѓу другото, и за шпионажа.

Низа постери со логото на руската приватна платеничка група Вагнер се појавија на улиците на Краков, објавија во саботата полските медиуми.

Во последните неколку недели, руските платеници од групата Вагнер се појавија на границата со Белорусија, што полскиот премиер Матеуш Моравјецки го прогласи за обид за дестабилизација на источното крило на НАТО.

Полското Министерство за одбрана најави испраќање дополнителни сили на таа граница.

Слични содржини