Се очекуваат врнежи од дожд, на места нестабилно со грмежи

од Nikola Popovski
234 прегледи

Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, извести УХМР. УВ индексот ќе биде 8.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени целсиусови, а максималната од 24 до 34 степени Целсиусови.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе се искачи до 32 степени.

Во деновите потоа времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за среда: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура ќе биде од 12 до 21 степени, а максимална температура од 28 до 36 степени.

Слични содржини