Нема кој да го преземе телото на убиецот Нермин Сулејмановиќ: Се огласил и неговиот татко

од Nikola Popovski
295 прегледи

Никој не сака да го преземе телото на Нермин Сулејмановиќ, кој во петокот на 11 август уби три лица во Градачац, а потоа се самоуби. Како што пишуваат босанските медиуми, ниту таткото на монструмот не сака го преземе неговото тело.

Негови познаници за новинарите на „Аваз“ во Градачац изјавиле дека таткото на Нермин Сулејмановиќ рекол: „Не ме интересира тоа го*но!“.

Сулејмановиќ ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ пред очите на нивната ќерка, пренесувајќи се во живо на Инстаграм.

Тој потоа усмрти уште две лица во градот, татко и син, Џингис и Денис Ондер, кои ги познавал од претходно. Во крвавиот пир ранил уште три лица, меѓу кои и мајката на Денис.

Низама Хеќимовиќ беше погребана вчера во Мионица кај Градачац. Повеќе од илјада луѓе дошле да ја испратат во вечното почивалиште.

Денис и Џенгис ќе бидат погребани денеска, додека мајката на Денис се уште е во болница во тешка состојба.

Слични содржини