Кичевец фатен дома со рамки за автоматска пушка и муниција

од Nikola Popovski
216 прегледи

На 15.08.2023 во 18.20 часот во с.Лисичани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода И.Б.(29) од истото село.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 239 куршуми различен калибар и пет празни рамки за автоматска пушка. За настанот бил известен јавен обвинител, а И.Б. бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Слични содржини