Иако легендарниот лик од филмовите „Индијана Џонс“, кој го игра Харисон Форд, всушност се плаши од змии, еден вид на ова животно сега го добил името по холивудскиот актер.
Новооткриен вид змии во Перу го доби името„ Tachymenoides harrisonfordi“ во чест на легендарниот актер кој се заложува за заштита на околината. Форд е потпретседател на непрофитната организација Conservation International, а по него претходно биле именувани видови мравки и пајак.
Научниците продолжуваат да ги именуваат суштествата по мене, но тие секогаш се оние кои ги преплашуваат децата. Не разбирам, рекол Форд, пренесува Klix.ba.
За разлика од ликот што го толкува, Индијана Џонс, Форд постојано истакнувал дека всушност сака змии.
Нов вид на змија е откриен во Националниот парк Отиши во Перу од страна на перуански и американски научници.
Tachymenoides harrisonfordi е витка змија долга до 40,6 сантиметри и не е опасна за луѓето.
За биолозите, опишувањето и именувањето на нов вид е една од најважните активности за време на кризата на биолошката разновидност. Само познати организми можат да бидат заштитени, рекол водечкиот научник во проектот Едгар Лер.
Тој се надева дека откритието ќе го привлече вниманието на кризата со исчезнување со која се соочуваат видовите ширум светот. Рептилите се особено склони кон истребување.
Во 1993 година, калифорнискиот пајак „Calponia harrisonfordi“ беше именуван по Форд, а неколку години подоцна и мравката „Pheidole Harrisonfordi“ беше именувана по него.