Пратеник од партијата на Курти фатен со дрога во Албанија, полицијата запленила над 11.000 екстази

од Nikola Popovski
461 прегледи

Пратеник на Самоопределување во Косовското собрание, Бесник Мујечи е уапсен во Албанија откако бил фатен при транспорт и продажба на наркотици од Косово, јавува „Албаниан пост“, повикувајќи се на соопштението на албанската полиција. Албанската полиција ги објави и целосните имиња и презимиња на уапсените, меѓу кои е и Мујечи, пренесува Коссев.

Мујечи е уапсен во група со уште четири лица. Од нив се одземени 11.300 таблети екстази со вкупна тежина од речиси шест килограми и вредност од околу 400.000 евра, а земена е и малку канабис. Според информациите на медиумите во Албанија, како и она што го соопшти самата полиција, тие биле под надзор неколку месеци, а постои сомневање дека и претходно продавале дрога.

Освен Мујечи, групата ја сочинувале уште една жена од Косово, а останатите биле од Албанија. Во прашање се М.Р. (30) од Приштина, и К.П. (24), А.М.(28) и Д.А.(26), сите од Тирана.

Како што покажала досегашната истрага, тие, искористувајќи го текот на туристичката сезона, пратките ги превезувале на автобуските линии Приштина-Тирана.

Тој бил дел од криминална група која превезувала наркотици во Албанија. За акционер на ЈП „Автобуска станица“ е именуван Мујечи. Токму таков автобус користел Мујечи за транспортот на наркотици, јавува албанскиот медиум.

По пристигнувањето во Албанија, пратките со изнајмени автомобили се транспортирале во Тирана и други градови, најмногу на крајбрежјето, а предавањето се вршело на јавни места, каде што има поголем проток на луѓе.

За да се договорат со дистрибутерите на синтетичка дрога со Албанија, трговците барале авансно плаќање или оставање на возилото како гаранција, соопштила албанската полиција.

Инаку, Мујечи како пратеник во приштинското собрание е познат и по жестоката дебата што ја водел со поранешната градоначалничка на Приштина Шпенда Ахмети, со склоност кон физички судир.

Мујечи е многу активен на Фејсбук каде ја обвинува опозицијата и медиумите дека се на страната на Србија, на чија сметка ги упатува обвинувањата, нарекувајќи ја поранешната власт насилна.

Фото: Kossev

Слични содржини