Османи: Сега сме во финале, да ја надминеме последната формална пречка

од Nikola Popovski
340 прегледи

Првиот човек на македонската дипломатија, Бујар Османи се огласи на социјалните мрежи пред пленарната седница во Собранието, посветена на уставните измени, која ќе се одржи на 18-ти август. Османи посочи дека не делат само два дена од почетокот на еден од најважните процеси за обезбедување сигурна и просперитетна европска иднина за нашите граѓани,

Со месеци доаѓаа пријатели и министри од целиот свет и не охрабруваа со пријателски совет да се фокусираме на овие предизвици и да ја надминеме оваа последна формална пречка пред отворањето на големиот хоризонт на поглавјата од преговорите. Затоа, ве повикувам да не дозволиме да се дефокусираме сега, кога сме во финале, и да се дезориентираме, туку да го задржиме курсот и родителската одговорност пред идните генерации. Моментот е сега, порача министерот за надворешни работи.

Патот за внесување на Бугарите и пет други народи во Преамбулата на Уставот е отворен. Пратениците со 10 наспроти 7 гласа во собраниската комисија за уставни измени го прифатија владиниот предлог за отворање на Уставот. Против гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ги осудија на пропаст уставните измени кои се услов за отворање на кластерите од преговорите со Европската Унија (ЕУ).

Според владиниот предлог, во Уставот покрај Бугарите ќе влезат и хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ.

Скрининг процесот завршува во ноември, до тогаш се очекува да бидат донесени уставните измени за да може да се закаже Втората меѓувладина конференција со ЕУ.

Слични содржини