Актерката Деми Мур неодамна стана баба, но тоа никогаш немаше да го погодите од нејзината фигура која ја покажа во бикини и ги остави фановите уште еднаш без зборови.
Таа и на 60 години може да се пофали со беспрекорно тело, рамен стомак и исончана кожа. Познатата актерка е фотографирана како ужива во топлото море. Мур моментално е на одмор во Грција, кој го поминува во друштво на основачот на Амазон, Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез, на неговата скапа јахта Кору, чија вредност се проценува на 500 милиони долари.
Имено, таа е во многу блиска врска со познатиот пар бидејќи неодамна станала кума на нивната најмлада ќерка Ариадне-Зое.
View this post on Instagram
Сепак, тие не се единствените пријатели кои ги посетила за време на престојот во Грција, бидејќи претходните денови ги поминала на луксузната јахта на блиските пријатели Андреас и Атанасија Стегос, како и во ноќно излегување на островот Миконос.