510
Состојки:
– 10 пиперки, може и суви
– 200 гр варен ориз
– 1 праз
– 1 поголем морков
– 2 лажици ајвар
– 100 мл варени домати
– 2 домати или компири
– сол, бибер
– 4 чешниња лук
– масло
Подготовка:
На масло пропржете сечкан праз, па додадете рендан морков. Сварете го оризот, но не целосно.
Во испржениот праз додајте сварен ориз, ајвар, сечкан лук, бибер, сол и сето тоа измешајте го рамномерно. Измијте ги пиперките, извадете ги семките, па полнете ги. Доматот или компирот исечкајте ги на помали кришки и затворете ги пиперките.
Покријте го плехот со хартија за печење, малку подмачкајте го и наредете ги пиперките. Прелијте ги со варени домати и масло. Се пече на 200 степени 50-60 минути. Послужете топло.