257
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) е деградиран поради, како што наведе, политизацијата и комерцијализацијата на оваа организација.
„Како резултат на политизацијата на меѓународните спортски структури и понатамошната комерцијализација на Меѓународниот олимписки комитет, за жал, сведоци сме на одредена деградација која се развива таму“, рече Путин, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека тоа е неизбежно и ќе доведе до појава на паралелни структури во сферата на меѓународниот спорт.