Почина познат руски генерал кој командувал во Украина, околностите повторно мистериозни

од Nikola Popovski
342 прегледи

Руските медиуми јавија за смртта на поранешниот генерал на Источниот воен округ и поранешен заменик министер за одбрана на Руската Федерација, генерал-полковник Генадиј Жидко. Жидко командувал со вооружените сили на Руската Федерација во Украина од мај до јули 2022 година. Руските медиуми јавуваат дека информацијата за смртта на Жидко ја соопштил гувернерот на Хабаровск, Михаил Дегтјарев на Телеграм.

Жидко, наводно, починал во Москва по долго боледување.

Во 2016 година Жидко командувал со силите на руската армија во Сирија. Две години подоцна, тој станал командант на Источниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација. Од ноември 2021 година до јули 2022 година, бил заменик министер за одбрана – началник на главниот воено-политички оддел на руската армија.

На почетокот на јуни 2023 година, било објавено дека Жидко е назначен за командант на сите руски воени сили во Украина, заменувајќи го генералот Дворников на таа позиција.

Набрзо бил сменет, а причината за неговата смрт останува мистерија.

Жидко е уште еден во низата високи руски функционери кои загинаа под мистериозни околности од почетокот на војната во Украина.

Слични содржини