Силјановска-Давкова: Не сме против Бугарија, но не можеме од Преамбулата да правиме именик

од Nikola Popovski
581 прегледи

Од кого ни извира нам легитимитетот за уставни измени од ЕУ или од граѓаните? Што велат граѓаните?, праша денеска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова од собраниската говорница.

Според неа, ова е насочено кон власта.

Не треба ли да ги прашаме граѓаните дали се за ваква измена? Владата не може да презема обврска наместо Собранието. Неповикано вршење на туѓи работи, кажа пратеничката, додавајќи зошто не се стави на гласање преговарачката рамка, туку само заклучоците.

Зборот изолација, според неа, е погрешно толкуван. Вели дека ЕУ не смее да го заборави Брегзит.

ЕУ мора да знае дека нема да има проширување ако не го повтори примерот со Словачка и Чешка. Не сме против ЕУ, не сме против Бугарија, но членот 8 од Лисабонскиот договор повикува на реципроцитет. Бугарија е потписник и ја ратификуваше Конвенцијата за малцинства. Бугарија има Совет за малцинства, а таму ги нема Македонците, порача Силјановска-Давкова.

Според неа, образложението за отворањето на Уставот е „катастрофа“.

Не можеме од Преамбулата да правиме именик. Важно е да се применат копехагешките критериуми. Јас граѓани ве уверувам дека ние сме ваши претставници и ќе гласаме по сопствено уверување, додаде пратеничката.

На крајот, побара предлогот да не се поддржи и да се прашаат граѓаните на избори.

Слични содржини