Димитриевски: АРМ е синоним за храброст, посветеност, еднаквост и професионализам во служба на државата

од Nikola Popovski
188 прегледи

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во име на граѓаните на општина Куманово и во негово лично име го честита 18-ти Август, Денот на Армијата на сите припадници на АРМ и сите граѓани на Македонија.

АРМ е синоним за храброст, посветеност, праведност, еднаквост и професионализам во служба на државата, вели Димитриевски во својата честитка, а Општина Куманово како и секогаш, ќе продолжи да биде пример за високо ниво на цивилно-воена соработка.

Општина Куманово продолжува да биде пример за високо ниво на цивилно-воена соработка, каде заедно со припадниците на Армијата делувавме и соработувавме во услови на кризи, вршевме дезинфекција на јавните објекти, дистрибуиравме пакети со социјална помош, воведовме редарски служби, гасневме пожари, но заедно и празнувавме, заедно организиравме едукативни настани, донации и работни акции за пошумување и разубавување на наше Куманово, стои во честитката на Димитриевски.

Слични содржини