189
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува на работна посета на Кралство Шпанија, каде што ќе учествува на летната академија “Quo vadis Europa?”, која се одржува во Сантандер, од 21 до 25 август, а е организирана од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Џозеп Борел и Меѓународниот универзитет Менендез Пелајо.
Османи ќе се обрати на панел посветен на проширувањето и соседството, со фокус Западен Балкан и неговиот пат кон Европската Унија.
На агендата на Османи во Сантандер на маргини на летната академија се и бројни билатерални средби со колеги, меѓу кои со шефот на европската дипломатија, Борел и на Литванија, Ландсбергис.