СДСМ: Наместо да понуди решенија за Скопје, ДПМНЕ враќа споменици на еден од најголемите крвници на македонскиот народ

од Vladimir Zorba
309 прегледи

„Катастрофа му се случува на Скопје секогаш кога ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат Градот. Скопје две години е град без перпективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект. И наместо да понуди решенија антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ“, реагираат од СДСМ на најавата на Арсовска.

„Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт.

Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго.

СДСМ преку својата советничка група ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот, тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја“, порачаа во својата реакција од партијата на власт.

Слични содржини