Си пиеле кафе на бензиска, додека пациент чекал со маска за кислород во возило на Итна помош – Меџити ќе истражувал

од Vladimir Zorba
487 прегледи

Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска гледаше видео од новинарка, која му покажа како пациент чека во возило на Итна помош со маска за кислород, додека вработени си пијат кафе на бензинска пумпа.

Меџити најави истрага и ригорозни мерки, доколку снимката се покаже точна.

„Ако го потврдиме ќе преземеме најригорозни мерки. Веднаш ќе го разгледаме тоа во министерство и да го потврдиме точно. Ќе испитаме што било дали е точно. И да ги пријавите сите со име, презиме, адреса“, изјави Меџити откако ја виде снимката.

Слични содржини