Во овој контекст, премиерот Ковачевски ја нагласи потребата од итно интегрирање на регионот на Западен Балкан во ЕУ и истакна дека конкретно Северна Македонија има поддршка од меѓународната заедница во текот на целиот процес.
Премиерот Ковачевски и претседателката Санду истакнаа дека интензивирањето на економската соработка меѓу Северна Македонија и Молдавија ќе придонесе за економски развој на двете земји.
Ковачевски во Атина е на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун”.