241
Руските сили за противвоздушна одбрана синоќа соборија два украински дрона над московскиот регион, а уште два беа елиминирани над областа Брјанск, соопшти денеска руското министерство за одбрана, додавајќи дека нема жртви.
„Две беспилотни летала откриени од системите за противвоздушна одбрана и елиминирани со системи за електронско војување се соборени над територијата на регионот Брјанск. Две беспилотни летала беа откриени и уништени од системите за противвоздушна одбрана над московскиот регион“, се вели во соопштението.
Претходно, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека противвоздушната одбрана соборила два ударни дрона во областите Красногорск и Частово во подмосковскиот регион, пренесува РИА Новости.