299
Осум деца и двајца возрасни се заробени на жичара на висина од 400 метри во Пакистан.
Според првите информации, децата со жичара биле на пат кон училиште кога околу девет часот пукнала една од сајлите.
Спасувачите се на терен.
„Жичарницата виси на околу 400 метри над земјата. Спасувачките напори се невозможни без хеликоптер“, изјавија официјални лица, додавајќи дека е побарана помош од хеликоптер.
Жичницата поврзува две заедници во регионот и оди преку две сајли од кои едната пукнала.
Многу деца кои живеат во оддалечените и планински делови на покраината се потпираат на жичарници за да стигнат до и од училиште.