Светиниколските пензионери еден час го блокираат патот кон Куманово и автопатот Свети Николе-Скопје

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Светиниколските пензионери со земјоделска механизација го блокираа патот кој води кон клучката за автопатот Свети Николе-Скопје и Куманово.

Децидни се во барањата за линерано покачување на сите пензионери од 3.500 денари.

Пензионерите од Свети Николе велат дека со блокирањето на патот сакаат да свртат внимание на надлежните институции.

Посочија дека со протестите продолжуваат секој ден пред Здружението на пезнионери, а наредната среда ќе го блокираат патот кој води кон клучката на автопатот Свети-Николе-Штип.

Слични содржини