Еден од најуспешните супер модели на сите времиња, Клаудија Шифер наполни 53 години. Убавата Германка заедно со Наоми Кембел, Синди Крафорд и Линда Евангелиста беше заштитно лице на речиси сите познати светски брендови во текот на деведесетите.
Сепак, за разлика од нејзините колешки, Калудија секогаш важеше за посмирена и постабилна личност. Нејзината срамежливост била забележана и во средношколските денови, наводно поради висината од дури 180 сантиметри.
Како и да е, нејзината убавина не можеше да остане незабележана, а нејзината популарност во еден момент се зголеми, а Клаудија се движеше насекаде со телохранители кои дури морале да ја чуваат и нејзината долна облека.
„Тоа беше лудо време! Живеев како рок ѕвезда. На секоја ревија ме чуваа телохранители… Не само мене, туку и облеката, дури и долната облека – да, градниците и гаќичките! Затоа што секогаш кога излегував на пистата и се враќав, ми ги немаше работите, сè ќе исчезнеше! Па, затоа мојата долна облека некогаш мораше да има лични телохранители“, се сеќава таа за „Elle“.
Клаудија Шифер е една од ретките дами во светот на модата која никогаш не била поврзувана со скандали, никогаш не била доведена во каква било врска со алкохолот и дрогата, кои се составен дел од биографиите на многу познати манекенки.
„Во споредба со другите девојки, секогаш бев чудна затоа што не зборував многу со никого. Сите би биле возбудени и многу би разговарале. Веројатно мислеа дека сум арогантна, а понекогаш мислеа дека сум ладна, бидејќи веруваа дека не сум заинтересирана или дека не сакам да комуницирам“, изјави убавата Германка.
Таа за два дена ќе наполни 53 години и е подготвена да им ја препредаде палката на новите млади надежи, но сепак добива бројни комплименти за нејзиниот изглед.