Јелена Розга денеска полни 46 години: Ова е првиот голем хит што го отпеа за „Магазин“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
526 прегледи

Познатата хрватска пејачка Јелена Розга денеска полни 46 години. Розга е родена на 23 август 1977 година, а се прослави на само 19 години.

Таа се појави на фестивалот „Дора“ и го освои второто место, а во 1996 година стана пејачка на групата „Магазин“, на местото на Данијела Мартиновиќ.

Првиот голем хит што таа го испеа беше „Suze biserne“.

Десет години беше пејачка на „Магазин“, по што започна соло кариера.

Таа брзо стана една од најпопуларните пејачки во регионот и продолжи да постигнува хитови во текот на нејзината соло кариера.

Розга денеска полни 46 години, редовно настапува, а на нејзиниот младешки изглед многумина се восхитуваат.

Слични содржини