Пригожин пред неколку дена последен пат ѝ се обрати на јавноста, еве што порача тогаш

од Stefanija Kuzmanovska
424 прегледи

Шефот на платеничката руска армија „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој синоќа загина во авионска несреќа, пред неколку дена го објави своето прво видео обраќање по бунтот што го организираше на крајот на јуни.

Видеото, за кое се верува дека потекнува од Африка, се појави на каналите на Телеграм поврзани со Вагнер во понеделникот.

„Температурата е +50, се е како што сакаме. Вагнер ја прави Русија уште поголема на сите континенти, а Африка – послободна. Правда и среќа за африканскиот народ, ние сме ноќна мора за ИСИС и Ал Каеда и другите бандити“, рече Пригожин.

Тој изјави и дека „Вагнер“ регрутира луѓе и дека групата „ќе ги исполни поставените задачи“.

Иднината на „Вагнер“ и Пригожин е неизвесна од јуни, кога организираа бунт против рускиот воен естаблишмент, а Кремљ тогаш соопшти дека Пригожин и некои од неговите борци, кои се бореле во некои од најтешките битки во Украина, ќе заминат во Белорусија.

По бунтот, некои членови на „Вагнер“ всушност се преселиле во Белорусија и почнале да ја обучуваат армијата.

Потсетуваме, вчера авион со десет патници, меѓу кои и шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, се урна во регионот Твер. Сите патници го загубија животот при падот на авионот.

Слични содржини