Мицкоски за посетата на Ескобар: Важно е да има добра намера и да ги слушне нашите аргументи

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Важно е секој кој доаѓа во нашата држава, без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Секоја добра намера за нас е добредојдена, потенцираше денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во одговор на прашање како ја коментира посетата на американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар.

Во однос на добрата намера, посочи Мицкоски, мисли на аргументите кои што ќе ги слушне, но очекува и другата страна да ги слушне нивните аргументи.

-Важно е секој кој доаѓа во нашата држава, без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Кога зборувам за добрата намера, зборувам за аргументите кои што очекуваме да ги слушнеме, а очекуваме другата страна да ги слушне и нашите аргументи. Она што е важно и што треба секој да го знае е дека Владата на ДУИ и СДСМ го изгуби кредибилитетот и таа е единствената пречка за интеграција на Македонија во ЕУ. Колку побргу ова го сфатат, толку побргу ќе се придвижат работите напред. Брзи парламентарни избори се единственото решение ако сакаме да се движиме напред. Се останато е дополнително тапкање во место, рече Мицкоски кој денеска изврши увид во градежните активности на изградба на спортски терен во населба Ченто.

Слични содржини