816
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина нема никаква врска со смртта на шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин.
„Ние немаме ништо со тоа, на сите им е јасно кој има врска со тоа“, рече Зеленски.
Официјална Москва се уште молчи за овој настан, а претседателот Путин, кој од синоќа двапати беше во јавноста, никогаш не ја коментираше авионската несреќа. Сите десет тела се пронајдени и пренесени во Бирото за судски и медицински испитувања во Твер, каде ќе им биде извршена обдукција.